×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Платите и пензиите каскаат зад цените

    07.03.2011 12:01 | KumanovoNews

     Главнa секирација на народот последниве денови се цените на струјата, лебот, зејтинот, шеќерот, месото, млекото, јајцата...

    Платите и пензиите каскаат зад цените

         Пред два дена стигнаа пензиите, а некаде и платите. Пред банкоматите и шалтерите стојат редици пензионери кои потоа заминуваат на „зборното место„ на плоштадот за да си разменат уште понекој муабет и да си се пожалат на скапотијата.

    „Што мисли Грујо? Покачувањето на пензиите од пред три години одамна е стопено. Ќе се фаќа ли повторно за кесето ако сака уште малку да си го качи рејтингот„ - коментираат пензионерите.

    „Тоа јуне овојпат нема да ве муне„ - им се потсмева еден од стечајците кој, кога не е на протестите со неговите другари по маките, времето главно го минува не некоја од клупите на плоштадот. 

    На опарување на пензионерите, освен нивните внуци и други домашни, им се радуваат и трговците иако знајат дека во последно време муштериите трипати мерат додека да посегнат по стоките на нивните гондоли. А гондолите преполни, светат од уреденоста на разновиден асортиман. Трговците пекаат дека рапидно им опаѓа прометот. Репортеров што го пишува овој текст имаше мал вербален инцидент со нервозниот обезбедувач на еден од кумановските супермаркети поради фотографирањето на гондолите со прехранбени продукти. Наводно, газдата забранил новинарите да снимаат без негова дозвола!? Не се виновни новинарите за покачувањето на цените, ама не ли се рекло дека „се знае по кого се удира кога не може да се удри по магарето„. Нејсе. Главно секирација број еден на народот последниве денови се цените на струјата, лебот, зејтинот, шеќерот, месото, млекото, јајцата...Трговците и производителите ни кажуваат дека првиот бран на позначително зголемување  на цените поминал, а наредните бранчиња ќе биле не така загрижувачки. Ќе не‘ заплиснеле по десеттина само за по некој процент, од 3 до 5 насто. А и зимата е при крај. На повидок е излегување на зелено.