×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градончалник на Крива Паланка

    24.11.2024 14:36 | Жаклина Цветковска

    На 53-годишна возраст ненадено почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Општина Крива Паланка.

    Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градончалник на Крива Паланка

    Мицевски ја предводеше општината во периодот од 2017 до 2021 година, а ќе остане запаметен по длабоката посветеност на развојот на градот и предаденоста на потребите и интересите на граѓаните.

    Неговите сограѓани ќе го паметат како скромен, љубезен и ненаметлив човек, крајно внимателен кон сите, но истовремено и енергичен, одговорен и непоколеблив во своите напори да ја направи Крива Паланка достојно место за граѓаните и пример за град со европски вредности.

    Основно и средно образование завршил во родниот град Крива Паланка, а дипломирал на ПМФ во Скопје, насока хемија, во 1996 година. По дипломирањето работел на повеќе работни позиции: во невладиниот сектор како претседател на Регионалниот центар за одржлив развој Кратово, в.д директор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, член на Советот на Општина Крива Паланка и друго.Смртта го затекна на работнто место во Образовен едукативен центар
    „Семос едукација“.

    Како член на СДСМ ги минува сите скалила во партијата, бил претседател на Општинската организација во Крива Паланка, а градоначалник на Општина Крива Паланка станува на локалните избори во 2017 година.

    Мицевски беше посветен сопруг и татко на две прекрасни деца, ќерката Горјана и синот Матеј.

    Неговото животно мото беше „Животот е голема борба“ , која за жал ја заврши прерано.

    Неговите соработници и сограѓани со тага и неверување ја примија веста за неговата препрана смрт и со така и неверување се простуваат од него на социјалните мрежи.