Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановецот Стојан Тренчевски, новинар, публицист и хуманист, почина денеска во Скопје во 60-тата година од животот.
Како новинар на Македонското радио, Тренчевски зад себе остави 20-тина напишани книги, стотици радио репоражи, филмови, интервјуа, фељтони, разговори.
Книгите „Нашата мајка“, „Скопјанката Мајка Тереза“, „По патиштата од детсвото на Мајка Тереза“ и филмот „Мајка“, чиј автор е Стојан Тренчевски, се преведени на италијански, англиски, шпански, германски, полски и на бенгалски јазик.
Тренчевски е основач и претседател на граѓанската Асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ во Скопје.
Погребот ќе се одржи утре во 12.30 на Градските гробишта- Бутел.