×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почна да крчка казанот со пивтии

    18.01.2011 15:28 | KumanovoNews

    Денес во предворјето на ,,Грација‘‘ започна да врие и казанот со пивтии за утрешната забавна вечер и тоа под вештата рака на готвачката Добрила Илиевска.

    Почна да крчка казанот со пивтии

    Спроти утрешниот голем христијански празник Богојавление- Водици, Мултимедијалниот центар „Карпино„ во ресторанот ,,Грација‘‘ денес ја отвори традиционалната меѓународна манифестација ,,Пивтијада‘‘, десетта по ред, со која, во присуство на голем број христијански верници - почитувачи на таредицијата, е означен стартот на претстојните црковно-верски обичаи во текот на денешниот и утрешниот ден.

    Кум на годинашното Богојавление-Водици е Гордана Митровска- БЕБА која кумството денеска во предворјето на ресторанот ,,Грација‘‘ го презеде од доктор Мицко Дудучки. Церемонијата на примопредавањето на кумската круна се одигра со благослов на свештени лица од Кумановската епархија на МПЦ.

    „Чест ми е и му благодарам на Бога што ми ја испоилнува дамнешната желба да станам Кума на годинешното Богојавление, со надеж дека Господ ќе ни даде многу здравје, среќа и бериќет во летово Господово 2011- то“ - изјави Кумата Беба која ќе кумува до идното Богојавление догодина, како и со утрешната Пивтијада со музичко-забавна вечер во ресторанот „Грација“.

    Денес во предворјето на ,,Грација‘‘ започна да врие и казанот со пивтии за утрешната забавна вечер и тоа под вештата рака на готвачката Добрила Илиевска.

    ,Во казанот ставив 1ОО кгр ,,зајре‘‘ за пивтии ( свинска нога,свински уши, ,,Бутки‘‘ и коленици, малку говедско и задолжителното ароматично лукче. Вкупно, со се‘ водата,, околу 300 чинии пивтии што утревечер ќе им бидат сервирани на гостите‘‘ - изјави ка Кумановоњуз, мајсторицата Илиевска.

    Инаку целата денешна манифестација во ,,Грација‘‘ беше проследена со музика,песни и ора и со заеднички посен ручек.