Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сопствениците на бесправно изградените објекти ќе можат да поднесат барања за отпочнување на постапка за легализација на објектите. Во рок од шест месеци Секторот за урбанизам и комунални дејности во Општината Куманово ќе ги прима потребните документи на граѓаните.
Службата е спремна да ги прифати сите барања, бидејќи располагаме со капацитети и човечки ресурси кои можат да одговорат на потребите на граѓаните.Постапката ќе биде брза и кратка во прибирањето на документацијата, а понатамошната работа е определена со одредени рокови кои се надеваме дека ќе ги исполниме. Покрај барањето, граѓаните треба да достават уште три документи од приватна геодетска фирма: имотен лист, етажен премер за објектот и геодетски елаборат за земјиштето. Интерсот на граѓаните е многу голем, бидејќи секојдневно доаѓаат или се јавуваат по телефон за да прашаат што е потребно за отпочнување на постаката- вели Лидија Ланг Спасовска, раководител во Секторот.
Во Општината Куманово има околу 13 000 дивоградби, и се очекува во наредниот период да се легализираат поголем дел од нив. Најмногу дивоградби има во приградските населби Пуковско, Ајдучка Чешма, зад Стадионот, Бавчи, Дива Населба, Циглана, Долно Којнаре и др. Повеќето се индивидуални стамбени објекти, а помал број стопански.
По завршување на законски предвидениот рок за легализација на бесправно изградените објекти, општината ќе изработи нов урбанистички планови каде ќе ги вметне легализираните објекти.
Барањата за легализација на дивите градби граѓаните ќе може да ги достават до 3 септември во Архивата на Општината Куманово,со назнака за Секторот за урбанизам и комунални дејности.