×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поделена помош на 50 најзагрозени семејства од Козјачието

    28.05.2020 12:28 | KumanovoNews

     Во текот на вчерашниот ден волонтерите од Општинската организација на Црвен крст Куманово, поделија прехрамбено-хигиенски пакети на 50 социјално најзагрозени семејства од Козјачкиот регион во Куманово.

    Поделена помош на 50 најзагрозени семејства од Козјачието

    Акцијата беше спроведена во соработка со Општинскиот штаб за заштита и спасување (ОШЗС) од Куманово, а со поддршка од АРМ од касарната „Боро Менков".

    Бојан Петрушевски, секретарот при Црвен Крст во Куманово, потенцира дека овие семејства се особено погодени и од аспект на местоположбата, но и од аспект на нивната социјална состојба. Реакцијата на семејствата кога ќе им поделиш пакет е непроценливо искрена и благодарна, па дури и само поради фактот што некој мисли и на нив.  

    „Практично помошта се донираше скоро во сите села коишто ги покрива Козјачкиот предел, особено во оние коишто се тешко достапни, раселени ридско планински предели, во кои комуникацијата со градот е отежната. Тие во овој период, реално, се имаат снабдувано многу потешко со храна, најчесто имаа правено залихи. Во овој период од кризата, тие беа пособено погодени и од аспект на местоположбата, но и од аспект на тоа што се социјални семејства. Ние и претходно им имаме помагано, секако во рамките на можностите,“ посочува Бојан,

    Од Општинската организација на Црвен Крст од Куманово, додаваат дека во наредниот период, во соработка со ОШЗС и Центарот за социјални работи ќе се сконцентрираат и на делење помош на семејства коишто донесега не се опфатени, односно на оние семејства кои во овој период останале невработени, а не се евидентирани како социјално загрозени.

    (Ф.М.)