Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За еден денар поевтинува дизелот, а за половина денар бензините од 95 и 98 октани, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Од вечерва на полноќ нафтата и нафтените деривати ќе се продаваат по пониски цени од досегашните.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 81,00 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 83,00 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 73,00 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 71,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 44,381 (денари/килограм)
Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91 проценти.