Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полицијата ќе ги отстранува масите на кафулињата кои без дозвола ги узурпираат тротоарите и јавните површини во градот.
Ова на денешната седница на Советот на Општина Куманово, го најави началникот на СВР Куманово Моме Јакимовски.
На некој ако му е дадена дозвола за 2 маси, тој поставил 10. Не може на тротоар некој да стави маса и да профитира, а да трпат граѓаните. Имаме поплаки од граѓаните дека жени мораат да прескокнуваат нозе да мажи за да поминат по тротоар. - вели Јакимовски.
Тој најави дека локациите се прецизирани и акцијата наскоро ќе почне.