×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Полицијата поблиску до учениците

    01.09.2010 15:09 | KumanovoNews

     Полициски службеници ќе бидат на терен и ќе ја следат состојбата со безбедноста и ќе превземени соодветни мерки за безбедно движење на малолетниците во градот и спречување на девијантните појави од незаконско користење на дрога, алкохол или нарушување на  јавниот ред и мир.

    Полицијата поблиску до учениците

     Секторот за превенција при СВР Куманово и оваа учебна година продолжува со активностите од проектот за поголема безбедност на учениците и младите во сообраќајот. Полициски службеници ќе бидат на терен и ќе ја следат состојбата со безбедноста и ќе превземени соодветни мерки за безбедно движење на малолетниците во градот и спречување на девијантните појави од незаконско користење на дрога, алкохол или нарушување на  јавниот ред и мир. Годинава посебно внимание ќе се обрне на првачињата кои за прв пат се вклучуваат во сообраќајот.

    Ќе настојуваме да ги заштитиме децата на секој можен начин.Ќе преземеме мерки за заштита на учениците од тоа како и кој се влегува во училиштата,како и спроведување на мерките за заштита на јавниот ред и мир како во училиштата така и надвор од нив.Ќе се вршат контроли и по околните кафиќи да се спречи продажбата на алкохолот на малолетните лица и спречувањето на продажбата на дрогите и друготе наркотични средства на учениците-вели Зоран Јордановски виши инспектор за превенција при СВР Куманово.

    Оваа учебна година секторот за превенција продолжува со реализација на проектот "Спорт да, дрогата не" во кој таргет група се основните училишта од општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково.