Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пратеникот Петар Поп-Арсов, вчера во населбата Иго Тричковиќ се сретна со семејствата на работниците кои останаа во либискиот град Бенгази, за да им соопшти до каде е постапката за нивно враќање.
При тоа им објасни што презело Министерството за надворешни работи и пратениците од Куманово за да се создадат услови за безбедна евакуација на македонските граѓани.
Средбата беше искористена и да се посочат инфраструктурните проблеми кои ги имаат жителите на оваа населба.
Преку проект од Европската ивестициона банка, Владата на Република Македонија има издвоено 3.451.000 евра за Општина Куманово. Тие средства Владата ги распредели за нашата општина со цел да бидат решени голем број од инфраструктурните проблеми на нашите сограѓани, а секако дека приоритет во санирањето на водоводната и канализациона мрежа мора да имаат жителите од населбата Иго Тричковиќ- рече Поп-Арсов.
Во Иго Тричковиќ, присуствуваа и советниците на ВМРО-ДПМНЕ и општинското раководство.