Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Променливо облачно, малку посвежо и нестабилно време со повремен дожд и грмежи ќе преовладува од денеска попладне до петок .
Локално ќе има услови за појава на невреме со пороен дожд, силен ветер и електрични празнења и појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Максималната дневна температура ќе се движи до 30 степени. UV индексот на зрачење ќе достигне 8.
Во случај на невреме се препорачува да не се престојува на отворен простор.