×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поплавени куќи на “Никола Тесла“, Средорек, Бавчи и стадионот Башкими

    19.11.2014 11:23 | KumanovoNews

    Реката Којнарка поплави стотина куќи на улицата “Никола Тесла“, по синоќешните обилни дождови.

    Поплавени куќи на “Никола Тесла“, Средорек, Бавчи и стадионот Башкими

    Граѓаните од овој дел на градот се револтирани, затоа што за две години трет пат реката им го поплавува имотот. Тие велат дека локалната и централната власт си ја префрлаат одговорноста кој треба редовно да го чисти речното корито, а тие ги трпат последиците.

    “Сите подруми, бавчи, огради се е уништено. Некаде околу 200 метри по течението на реката се е поплавено. Ние како месна заедница се организиравме, собравме и пари и баравме од општина да ни дадат машина и дозвола за да го исчистиме. Почнавме самоиницијативно, но од министерство ни се јавија и децидно ни забранија да работиме бидејќи тоа било надлежност на Република Македонија. Ние не знаеме до кого да се обратиме во оваа држава“ - вели Момчило Трајковски, еден од граѓаните чиј дом е поплавен.

    И неговиот сосед, Воислав Илиќ се жали дека се оставени на милост и немилост на дождот.

    „Уште не сум влегол во куќата, ќе видам после што се ми е уништено. Во помошните простории скоро метар вода имам. Од претходната поплава се сменив, паркет, куќата ја реновирав и сега пак исто. Кога ќе дојдат избори трчаат, не лажат, даноци качуваа, а за нас овде живот нема“ - изјави Илиќ.

    Секретарот на општина Куманово, Валентина Алексовска вели дека од нивна страна се преземаат мерки за санирање на штетите, бидејќи освен “Никола Тесла“ се поплавени локалитет “Водовод“ и делот кај Митев мост.

    „Екипите на пожарна, екипите на “Водовод“ се на терен, исто така и одредени служби од општината за да помогнат за расчистување на ситуацијата. На “Никола Тесла“ и подолу од Митев мост има поплави, но таму сеуште не можеме да интервенираме, бидејќи уште има надоаѓање на реката. Откако ќе се смири водостојот на реката, ќе се преземат одредени мерки во расчистување и санирање“ - објасни Алексовска.

     Таа тврди дека насипи од песок биле поставени на критичните точни, но несовесните граѓани ги однеле вреќите со песок и затоа доаѓа до излевање.

    Поплавени се и куќите од Средорек, кои се веднаш до речното корито, како и куќите кај стадионот Башкими и во населбата Бавчи.