Поранешен директор на Шумско злоупотребил функција
28.02.2011 12:44
| KumanovoNews
СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.С. (60) од с.Оризаре-Куманово, поранешен директор на подружница ШС „Куманово“ за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во 2008 година, пријавениот, спротивно на чл.42 од Правилникот за материјално финансиско работење на претпријатието, во повеќе наврати одобрил трошење на дел од приходите од дневениот пазар, во износ од 8.832.707 денари, за разни тековни потреби, кои средства требало да ги внесе на сметката на претпријатието.