Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во три одделни случаи, полицијата пронашла два пиштоли и пушка кои сопствениците ги поседувале без дозвола.
Во домот на С.М.(40) од село Руница, при претрес се најдени ловна пушка и 16 патрони. Џ.Ј.(34) од скопското село Мојанци пред угостителски објект во село Черкезе поседувал пиштол и 6 куршуми. Додека во домот на С.С.(36) од Куманово, минатиот месец се најдени пиштол „екол“, две рамки и 19 петарди.
Против тројцата, кумановската полиција поднесе кривични пријави за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.