×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поскапува такси-превозот

    06.04.2011 15:06 | KumanovoNews

     Стартната заштитна цена од два километри ќе биде 50 денари, за 10 денари повеќе во однос на досегашната цена,  додека цената за секој следен километар ќе изнесува 25 денари.

    Поскапува такси-превозот

    Од денеска  граѓаните на Куманово ќе плаќаат повисоки цени во такси-превозот. Стартната заштитна цена од два километри ќе биде 60 денари, за 10 денари повеќе во однос на досегашната цена,  додека цената за секој следен километар ќе изнесува 25 денари. За еден час чекање , таксистите ќе наплатуваат 300 денари.

    Такси превозот, како што беше образложено, поскапува главно од две причини: поради зголемувањето на цените на горивото и поради нелојалната конкуренција. Таксистите, како што рече раководителот на секторот за урбанизам Лидија Ланг Спасовска, оправдано се револтирани не толку од цените на горивото колку од немоќта на надлежната инспоекција да се справи со нелојалната конкуренција од страна на  т.н. диви такси превозници од што трпат загуби во работењето. Инспекцијата од своја страна добро работи, задоволува и асистенцијата на полицијата, меѓутоа затајува пасвосудството со оддолговлекување или нерешавање на пријавите за дивите таксисти - информира Спасовска.

    Опозиционата ВМРО ДПМНЕ достави предлог кој ќе им се помогне и на такси компаниите да работат ликвидно, а истовремено граѓаните да не почуствуваат удар врз семејните буџети.

    Ако се одобри поскапувањето, сметам дека само ќе се направи услуга на дивите таксисти, кои нема да се придржуваат на одлуката,а со тоа уште повеќе ќе им го земаат лебот на легалните такси компании.Предлагаме од буџетото на Општина Куманово да се издвојат средства со кои на годишно ниво ќе бидат субвенционирани такси компаниите. на тој начин и таксистите ќе бидат задоволни и граѓаните ќе избегнат поголеми давачки за овој вид превоз-рече советникот Бобан Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

    На седницата повторно е пролонгиран и рокот за униформирање на бојата на такси - возилата. Поради слабата финансиска моќ на такси комапниите, оставен им е рок одлуката за возила во една (бела) боја да ја спроведат до крајот на 2012 година.