Последен ден за откуп на дворно земјиште
27.01.2011 10:38
| KumanovoNews
Денес истекува рокот за откуп на дворното земјиште.На една од наредните седници, Владата ќе донесе одлука дали да го продолжи рокот за откуп на дворно земјиште.

Граѓаните последната недела можеа само со лична карта да дојдат и да го отпочнат процесот, а потоа да го докомплетираат докумантацијата.
Во Одделение за имотно-правни работи во Куманово досега барања за откуп на дворните места имаат поднесено над 10 илјади граѓани по цена од едно евро за метар квадратен.