×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Потече гасот низ Куманово

    10.11.2010 16:08 | KumanovoNews

     Куманово од денеска и официјално е прв град во државата што е гасисфициран. Првата установа каде што ќе се користи природниот енергенс е Домот за стари лица „Зафир Сајто„.

    Потече гасот низ Куманово

    Свеченото приклучување на гасоводниот систем се изврши во пресрет на  Денот на ослободувањето на градот 11 Ноември.

    Гасификацијата е еден од капиталните проекти на Општина Куманово, кој започна пред четири години и со сопствени сили и сретства , без никаква помош од државата го реализираме. Оваа е историски ден за Куманово и со златни букви ќе биде запишан во развојот на градот. Од денеска започнува ерата на гасификацијата на Куманово. Ние имаме обезбедено околу 25% покриеност на територијата на Куманово. Наредниот период ќе приклучиме 12 јавни установи кои се адаптирани за приклучок во гасоводната мрежа, пота ќе се следат правните субјекти. Имаме услови за приклучок на околу 800 фирми  и 6000 домаќинстава кои од наредната година ќе може  да се конектираат во гасоводната мрежа- рече градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Директорот на ЈП „Куманово-гас„,Момчило Мирчевски истакна дека дистрибуција на гасот ќе продолжи и во наредниот период со несмален интензитет.

    Во изминатите години макотрпно работевме и со сопствени сретства изградивме 10 километри секундарна мрежа за што се инвестирани 2 милиони евра. Проектот чини околу 10 милиони евра и ќе се довршува со јавно-приватно партнерство - рече Мирчевски.

    На свеченото пуштање во употреба присуствуваа голем број на гости од земјата и странство. Меѓу нив беше и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.Тој истакна дека гасификацијата е иднината на Македонија, бидејќи државата е сиромашна со природни енергенси.

    Ме радува што во Куманово се решија наместо да градат скулптури да поставуваат цевки за снабдување на гас и да го користат гасот како енергенс. Куманово е првата општина што стигна до тука, а јас сум горд што втора ќе биде Струмица. Тоа што не се гради на централна власт се гради на локално ниво - истакна Црвенковски.