Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Надоаѓа реката Пчиња, поради денешните обилни врнежи од дожд, потврдуваат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Водостојот е видно зголемен и може да дојде до излевања во селата Шупли Камен, Пчиња и Студена Бара.
“Нивото на Пчиња нагло е зголемено. Водата од локалните долови се слева во речното корито на Пчиња и таа претставува потенцијална опасност за излевање на истите критични точки“ - велат од РЦУК.
Засега Крива река е со нормален водостој.