Предавање и техники за справување со стрес
25.11.2013 09:01
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утре во 18 часот ќе се оддржи работилница на која граѓаните ќе добијат совети како да се справат со стресот.

Работилницата е со тема “Запознајте го здивот, научете да управувате со стресот“. Граѓаните ќе се информираат за тоа како да се ослободат од напнатост, несоница, да го подобрат имунитетот, да постигнат зголемена концентрација, фокусираност, да бидат со позитивни мисли и слично.
Предавач е психологот Теодора Костовска од Скопје.
Влезот на работилницата е слободен.