×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Преку обука полесно до работа

    21.02.2011 14:22 | KumanovoNews

     Триесетина млади луѓе, претставници од различни етнички заедници денеска присуствуваа на обука “Како до работа”.

    Преку обука полесно до работа

    На обуката учествуваа и претставници од невладиниот сектор, а практични совети за начините како да се аплицира и да се дојде до работа даваа вработени од Центарот за вработување .

    Оваа обука се реализира од страна на работната група која работеше на тема Вработување и социјални прашања. Работната група три месеци, од ноември работеше на мапирање на проблемите и потребите на етничките заедници кои што живеаат во Куманово. Една од препораките која беше предложена за иницијатива е оваа обука која има за цел информирањена младите за активно вклучување во потрагата по работа- вели Линдита Реџепи од Центарот за меѓукултурен дијалог.

    Досегашните истражувања ги воочиле проблемот кај младите на кои им е потребна помош при процесот на пронаоѓање на работа.

    Преку овие проблеми, младите од различни етнички заедници се поврзуваат меѓусебе во насока на евидентирање и решавање на проблемите што произлегуваат од меѓуетничкото живеење во Куманово"-вели,Феат Камберовски од Форумот за правата на Ромите "Арка".

    Еднодневната обука се реализира во рамките  на неделата на “Активно граѓанство“, каде  работни групи ќе реализираат  локални акции за промовирање на меѓуетничка соработка и комуникација.