×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Премиера на “Брачна игра“ во кумановскиот театар

    27.01.2015 13:29 | KumanovoNews

    Во кумановскиот театар утревечер во 20 часот, премиерно ќе биде изведeна претставата “Брачна игра“, работена по текст на Едвард Олби, а во режија на Бојана Краљевска.

    Премиера на “Брачна игра“ во кумановскиот театар

    Со оваа претстава театар Куманово ја отвара сезоната за 2015 година. Се работи за траги комедија која ја раскажува брачната приказна на Џилиен,  жена која сака да го задржи сопругот Џек и покрај сите несогласувања.

    “Претставата е направена пред две години за отварање на Порта Македонија. Ние како нововработени одлучивме да ја обновиме, да ја надградиме со некои нови моменти и во суштина да дадеме еден придонес за кумановскиот театар, за јануарскиот репертоар. Се работи за драма на апсурд, ликовите се многу интересни. Темата брак е многу сериозна , но е обработена на комичен начин со голема доза на сарказам и иронија“ - изјави режисерката Бојана Краљевска.

    Драмата е напишана за луѓе во позрели години, но е прилагодена за млади брачни парови кои често пати незрели стапуваат во брак. Главните ликови ги толкуваат Сања Русеска и Марко Трајковиќ.

    “Џилиен бара начин да го задржи сопругот, и низ целата таа интрига се откриваат сите нивни лаги, изневерувања. Доаѓаме до прашањето колку тие вистински се сакаат или не се сакаат? Зошто го прават тоа и која им е потребата? Дали  се доволни тие двајца или им е потребно нешто повеќе? Дали веќе си здодеале? Отвараме многу прашања и го откриваме нивниот начин на живот“ - вели Русеска.

    Марко Трајковиќ го игра ликот на Џeк и вели дека секој маж може да се пронајде во овој лик.

    “Вечно незадоволен, вечно несреќен , вечно бара нешто поубаво, а  секогаш се навраќа на тоа што го чека дома, на таа “осигурителна полиса“ што му е. Претставата е со огромна доза на хумор, бидејќи е жива вистина. Ова сигурно им се случува на 80 отсто од брачните парови, порано или подоцна“ - кажа Трајковиќ.

    Претставата ќе биде прикажана на малата сцена во театарот, а репризи ќе има во четврток, петок и сабота во истиот термин.

    Во новата сезона кумановскиот театар има нови вработувања. Примени се осум актери, двајца режисери и двајца драматурзи.