Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре вечер во Народниот театар премиерно ќе биде изведена претставата „Садистички умови„ на текст и режија на Милош Димковски. Во претставата играат десеттина ученици од гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово.
Претставата е траги - комедија, во која паралелно се прикажуваат три дејствија кои се поврзани со јасна нишка. Двете крајности трагичното и комичното се спојуваат во едно, давајќи изглед на воздбудливо вдахновение- вели режисерот Димковски.
Во претставата играат Сара Димковска,Стефан Додевски,Мартин Стаменковски,Дејан Божиновски, Ангела Јордановска,Викторија Ивановска,Мартин Станковски,Марко Ристовски,Никола Бојковски Антонио Симоновски и Мила Величковска
Реприза на претставата е во сабота и понеделник. Почетокот е во 20 часот.