×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Премиера на „Ѕвонарот на богородичната црква во Париз„

    01.03.2011 16:40 | KumanovoNews

    Во четврток во 20 часот во Центарот за култура, премиерно ќе биде изведена претставата  „Ѕвонарот на богородичната црква во Париз„ од Виктор Иго, во изведба на независна група средноколци од Куманово. Режијата, сценографијата и костимографија се на Чедомир Митевски.

    Премиера на „Ѕвонарот на богородичната црква во Париз„

    Во претставата играат десет актери, најголемиот дел се од гимназијата „Гоце Делчев„, но има и од Економското и Техничкото училиште, од различни години. Напорно работевме 3,5 месеци на проектот, а интересно е што претставата ќе ја играме на англиски јазик. Самостојно, на идеја на една Американка се зафативме да ја работиме оваа претстава и мислиме дека ќе имаме добри резултати- велат Чедомир и Мартин.

    Актерската екипа ја сочинуваат: Томи Стојановиќ,Славиша Захариев, Теодора Мишевска, Бојан Стојковски, Зоран Трајковски, Мартин Захариев, Чедомир Митевски, Ангела Јаневска, Тамара Петковска и Марија Јордановска.

    За претставата се изработени специјални костими со сретства на младите-актери, а дел се позајмени од Народниот театар. Овие млади и амбициозни средношкоци ги повикуваат кумановчани да дојдат и да ја погледаат нивната прва птерстава, бијеќи таа не е наменета само за нивната генерација, туку за сите љубители на театарската уметност. Ова е прва претстава што ќе се игра на англиски јазик во градот.