×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Премиерот присуствуваше на промоција на книги

    18.04.2011 14:30 | KumanovoNews

     Премиерот Никола Груевски со своите соработници денеска во Куманово, присуствуваше на промоцијата на новите книги на Факултетот за бизнис и администарација на албански јазик, а предходно ја посети спортската сала во изградба во земјоделското училиште.

    Премиерот присуствуваше на промоција на книги

    Изградбата на спортската сала е во завршна фаза и најдоцна за месец и половина ќе биде пуштена во употреба. Се работи за голема сала во која ќе има место за публика и за одвивање на сите спортски натпревари. Ова е втора спортска сала што Владата ја гради во Куманово. На крајот на денешната обиколка имав можност да го посетам факултетот за бизнис администрација, каде имавме презентација на 15 нови наслови, што Владата ги преведува а од кои се учи на врвните универзитети во светот - рече премиерот Груевски.

    До сега се преведени 500 книги, а според програмата на Владата предвидени се 1000 наслови од реномирани автори.

    На промоцијата на книгите на дисперзираните студии од Тетовскиот универзитет присуствуваа министри, пратеници,високи владини функционери, професори и студенти.