Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението за борба против рак "Борка-за секој нов ден", синоќа во Куманово одржа трибина за превенција од рак на грлото на матката.
Според податоци што беа изнесени на трибината на годишно ниво од рак на грлото на матката заболеле 297 жени, од кои 70 починале. Во светски рамки се регистрираат половина милион нови случаи од кои 300.000 се со фатален исход.
"Оваа трибина е наменета за сите девојки и жени, кои сакаме да ги повикаме со редовни гинеколошки прегледи да се заштитат од оваа тешка болест. Како превенција од заболувањето кај нас од октомври 2009, воведена е вакцина против ХПВ за девојчиња и жени до 26 годишна возраст. Во светот дури 120 држави ја користат оваа вакцина "- вели Биба Додева,претседателката на здружението.
За превенцијата од болеста зборуваше доктор Емилија Трајковска,специјалист гинеколог-акушер.Според неа ХПВ вакцината има потврдена ефикасност, имуногеност и добар профил на подносливост и безопасност, но препорача на редовност при прегледите и задолжителност на ПАП тест еднаш годишно.
"Бисер на мудроста " е глобална кампања за превенција од ракот на грлото на матката која веќе втора година се одржува во Македонија,во организација на здружението Борка, како полноправен член на Европската Асоцијација за превенција од ракот на грлото на матката (ЕССА).