Пријавување на остварени приходи за 2013 година
До 15 март годинава граѓаните треба во Управата за јавни приходи да поднесат Годишна даночна пријава за остварени приходи во текот на 2013 година.

Сите кои лани покрај плата или пензија, оствариле и дополнителни приходи од кирија, хонорар по основ на авторски договор, добивки од наградни игри и друго имаат обврска да поднесете Годишна даночна пријава.
На интернет страната на УЈП може да се преземе брошурата „Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход“ во која подетално е објаснето зошто, кој, кога, каде и како треба да ги пријави приходите во УЈП. За да им биде појасно на граѓаните има и интерактивно видео во кое практично е објаснето пополнувањето на Годишната даночна пријава.