Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во кругот на касарната „Боро Менков“ денеска се одржа заедничка обука на противпожарните екипи на Првиот механизиран пешадиски баталјон и Противпожарната единица од Куманово за гаснење на пожари и спасување на лица зафатени со пожар.
Обуката беше наменета за противпожарната екипа во касарната, а се состоеше од теоретски и практичен дел.
Во теоретскиот дел на обуката, професионалните пожарникари ги запознаа војниците со опасностите што ги предизвикуваат пожарите и како да се превземат превентивни мерки од пожари. Во практичниот дел пожарникарите ги покажаа начините за влегување во опожарен објект и како се гасне пожар додека да пристигне противпожарно возило. При тоа припадниците од Пожарната единица од Куманово и нашата единица покажаа висок степен на обученост, голема ефикасност и брза реакција, како и координација на единиците на АРМ и екипите кои професионално се бават со гаснење на пожари- соопштуваат од АРМ.
Во обуката биле вклучено едно против пожарно возило и 4 професионални пожарникари.