Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На регионален пат Куманово - село Никуштак, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово, вчера во 11.30 часот го привеле Ф.А.(21) од село Никуштак, општина Липково.
„При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „фолксваген голф“ со брзина од 108 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило““, соопшти МВР.