Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
С.К.(20) и М.К.(16), и двајцата од Куманово се приведени во полициската станица во Велес поради нарушување јавниот ред и мир на спортски натпревар.
Приведените вчера во периодот од 19.30 до 21.30 часот во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, за време на одржување на ракометниот натпревар помеѓу екипите на РК „Борец„ и РК-„Куманово„, фрлале столици, тврди предмети и користеле на пиротехнички средства - петарди.
Против двајцата кумановци ќе бидат поднесени соодветни пријави.