Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот за рурален развој Проевце и ветеринарната станица „Тодор Велков„ од Куманово, утре ја организира втората акција за вдомување на кучиња скитници. Акцијата ќе се одржи на Градскиот плоштад од 12 до 14 часот.
Големата заинтересираност и хуманост на граѓаните да вдомат куче од улица, кое е осудено на смрт, како и големиот број на бездомни кучиња, не поттикна да продолжиме со ваквите акции. Сите заинтересирани граѓани утре од 12 до 14 часот ќе можат да дојдат и да спасат живот, да ја покажат својата хуманост и да стекнат доживотен пријател. При тоа со себе мораат да имаат лична исправа - вели Александра Давидовска, од Центарот за рурален развој Проевце.
Посвоените домашни миленичиња ќе можат бесплатно да се вакцинираат и кастрираат во Ветеринарниот центар.
Пред две недели во Куманово се организираше првата акција за вдомување на кучиња скитници од страна на волонтери од Центар за рурален развој Проевце и ветеринарната станица „Тодор Велков„ од Куманово. Тогаш 16 млади и средно стари кучиња беа среќно вдомени од хумани граѓани на Куманово.