×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжува реконструкцијата на стариот градски парк, вредна 220 илјади евра - се асфалтираат пешачките патеки

    10.09.2022 17:46 | Сузана Николиќ

    По четири месечна пауза продолжи реконструкцијата на т.н. стар градскиот парк, кој се наоѓа зад Автобуската станица во Куманово. Во тек е асфалтирање на пешачките патеки.

    Продолжува реконструкцијата на стариот градски парк, вредна 220 илјади евра - се асфалтираат пешачките патеки

    Со новиот проект асфалтрани се нови патеки, а изграден е и паркинг простор кој е поплочен со бекатон. На сметка на тоа намалено е зеленилото во единствената уредена јавна површина во овој дел на градот. 

    „ Се бетонизира паркот. Треба минимално да се стави асфалт, а повеќе да има природни матерјали како што се патеки со земја, песок и ризла. Во лето асфалтот се загрева од 48 до 67 степени“, реагираат граѓаните.

    Реконструкцијата на градскиот парк започна во март и требаше да заврши во септември годинава, но поради измена на проектот и обезбедување на дополнителни средства реализацијата задоцни.

      Вкупната вредност на проектот сега е 220 илјади евра, откако првичната вредност на целата инвестиција изнесуваше 11,22 милиони денари (околу 180 илјади евра), а парите ги обезбеди Биротот за регионален развој и Министерството за локална самоуправа од програмата за рамномерен регионален развој за 2021/2022 година. Општината обезбеди уште 2,3 милиони денари (околу 38 илјади евра) заради изградба на ивичници, бекатон, шахти, кои не биле предходно предвидени.

    „Во паркот ќе има ново кошаркарско игралиште, парк за миленици, нови пешачки патеки и паркинг простор. Предвидено е поставување соларни канделабри, паметни кантички со сензори и смарт клупи“, кажаа надлежните кога отпочнуваа градежните работи во март.

    Но, поради тоа што низ паркот минува главниот вод на гасоводната мрежа, дел од овие содржини ќе бидат изместени и не е познато дали ќе се реализираат.

    Градскиот парк, зад Автобуската станица е најстар парк во Куманово, изграден во триесетите години на минатиот век, со површина од 38 илјади квадратни метри. Паркот со години е запуштен и граѓаните бараа од локалната власт да го реконструира и уреди, бидејќи во Куманово недостасуваат места за рекреација и прошетки.