Прогласен најдобриот полицаец и пожарникар
27.12.2010 11:42
| KumanovoNews
Полицаецот Саша Стаменковски и пожарникарот Филип Костовски се прогласени за најдобри во своите професии за 2010 година. Признанијата и рачните часовници денеска им ги врачи секретарот на општината Оливер Спасовски.

На овој начин сакаме да им се оддолжиме на оние што одговорно и активно си ја извршуваа работа во текот на годината, а истовремено да ги потикнеме и останатите да го дадат максимум во нивните одговорни и тешки задачи-рече секретарот Спасовски.
Наградените се заблагодарија за укажаната доверба и рекоа дека признанието носи и одговорнст да бидат подобри во работењето.