×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовирана стратегијата за образование

    09.03.2011 15:55 | KumanovoNews

     Секторот за образование  од општина Куманово денеска пред претставниците од училиштата, невладините организации и локалната власт ја презентираше Стратегијата за развој на образованието за периодот од 2011 до 2016 година.

    Промовирана стратегијата за образование

    Стратегијата е изгласана од Советот на општина Куманово во ноември минатата година . Овој стратешки документ опфаќа анализа на состојбите во образованието, идентификува проблеми од различна природа и нуди конкретна визија за подобрување на состојбите во оваа област.

    "Во подготовка на документот  учествуваа општина Куманово во партнерство со ОБСЕ и Центарот за неформално образование "Триаголник". Среднорочната стратегија за пет години и Акционен план за првите две обврска за изработка на нов акционен план за наредните три години се елементите кои ги содржи Стратегијата"-вели раководителот на секторот за образование Миле Стојменовиќ.

    Препораки од анализата се однесуваат на сегменти  како што е инфраструктурата , имотно-правните односи, проосторни проблем и недостаток од човечки ресурси.

    Заклучоците од Стратегијата укажуваат дека се потребни инвестиции, зашто локалната власт треба да започне процес на планирање на развојни програми во кои ќе се користат средства од ресорното  министерство, странски донации и средства од сопстевни извори.Во оние училишта каде не се решени имотно-правните односи да се започне постапка. Потребно е да се изврши  и пренамена на објекти кои не се во функција ,како и да серазвијат партнерски проекти за имплементирање проекти од сферата на образованието.

    "Стратегијата нуди и понуда во рамките на формално, но и неформално образование како и образование за возрасни кое соодветствува со моменталните барања на пазарот на трудот"-рече на денешната презентација Круне Младеновски од Здружението на просветни работници.

    Образовниот процес во општина Куманово се одвива во 21 училиште од кои 4 се средни  и 17 основни училишта.