Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Книгите „Сонувам сон„ или „Несонувана виделина„ од Јасмина Наумовска и „Епифат (Споменик) на свесноста„ од Горан Стевчевски, синоќа беа промовирани во центарот за култура.
Наумовска во својата книга, преку кратки приказни од секојдневниот живот го пренесува нејзиниот раст и развој во животот, и ги наведува читателите да се пронајдат во сопствените искуства. Книгата има единствена цел да ја разбуди самосвесноста кај читателот. На промоцијата за книгите зборуваа самите автори.
Мотивот за да напишам една ваква книга е моето другарување со сонот. Сонот овозможува човекот да стане свесен за она што му се случува во животот. Еден од начините човекот да ја прошири својата свесност е преку сонот, затоа што тој произлегува од несвесното, и кога несвесното ќе се освести доаѓаме до свесноста, која е прекрасна - вели Наумовска.
Наумовска пишува и втора книга, која истотака се однесува на самосвесноста, како можност за здрав и слободен развој на секој човек.