×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Протести на работниците од винаријата „Кокинo„

    21.01.2011 15:42 | KumanovoNews

    Триесеттина работници од Винаријата „Кокино„ Романовце, работна единица на поранешен ЗИК, денеска излегоа пред Судот во очекување на стечајна судијка од Скопје.

    Протести на работниците од винаријата „Кокинo„

    „Излеговме  денес пред Судот на протест и бараме да присуствуваме на отворањето на стечајната постапка за винаријата„ - изјави за Kumanovonews, Шабан Адеми кој има над триесет години работен стаж во некогашниот ЗИК „Куманово„.

    Само мал дел од работниците кои се засегнати, дошле пред Судот.

    Многу сме револтирани од она што го доживуваме со сопственикот на винаријата. За седум месеци не ни се исплатени ниту платите ниту придонесите. Од што ќе ги раниме семејствата? Газдата ветува веќе три години дека ќе ни ги исплати средствата по основа на акциите што ги имаме, но не го исполни ветување. Ќе бараме од стечајната управничка да стави забрана за продавање на имнотот и на производите на винаријата додека не се расчистат сметките и додека не ни си го наплатиме вложениот труд од повеќегодишното работење‘‘ - изјави Сејди Ајвази.

    Додека бевме пред судот  стечјаната судијка од Скопје сеуште ја немаше.