×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Протестираа автопревозниците во градот

    29.09.2010 13:22 | KumanovoNews

     Дваесетина автопревозници од Куманово и Липково со своите возила ја блокираа Општината и ја обвинија локалната власт дека поради местење на тендерот за превоз на ученици тие останале без работа.

    Протестираа автопревозниците во градот

     Сопствениците на комбиња и автобуси кои вршат градски превоз, тврдат дека за тендерот кој го распишале училиштата биле пропишани критериуми по мерка на две фирми блиски до локалната власт кои имаат монопол на автопревозот во Куманово.

    Компаниите „Оли-травел„ и „Штуз„ ги добиваа тендрите со години наназад, но не ангажираа и нас да ги превезуваме децата на редовните линии. Оваа година тие купија нови автобуси и децата ги возат само до училиште и назад, додека за сите останати потреби за превоз на децата, родителите мораат да издвојуваат дополнителни сретства. Ние возиме за 15 денари, а министерството плаќа од 80 до 120 денари по ученик во зависност од далечината. Се работи за големи пари кои ги добиваат само поединци, кои напредуваат во работата, додека ние тонеме. Затоа бараме од Министерството за финансии и Антикорупциска комисија да ја испитаат под кои услови компаниите ја добиле работата, или градоначалникот да направи договор и ние да добиеме работа за да имаме од што да живееме- вели Ацо Пешевски, сопственик на „Даце-превоз„.

    Од Општината изнесените тврдења ги нарекоа шпекулации и инсинуации од политички причини за да се дискредитира локалната самоуправа.

    Тендерот за превоз на учениците си го распишуваат основните и средни училиштата и тие си ги дефинираат условите. Жалба за тендерот не се поднесува кај нас туку во Второстепената државна комисија за јавни набавки и доколку имаат забелешка превозниците треба таму да се обратат. Тендерот го добиле неколку фирми кои ги исполнуваат стандардите во автобускиот превоз и условите по кои треба да се возат учениците,најверојатно како најповолни понудувачи. Ние не можеме и законот не дозволува да исполнуваме лични и поединечни желби на било кој, бидејќи мораат да се запазат законските критериуми - вели Оливер Спасовски, секретар на Општината Куманово.

     Превозниците од Липково најавија дека родителите нема да ги пуштат своите деца во училиште доколку претпријатието „Глобус-турс„ не им дозволи и тие да вршат превоз на децата како предходните неколку години.

    „Глобус-турс„ има обвреска да ги вози учениците, а тој си седи во канцеларија. Еве конкретно на линијата Отља- Липково не врши превоз, туку децата одат пеш по 2,5 километри во еден правец или треба да плаќаат иако се пуштени пари за превоз - вели Фејзула Љатифи претседателот на месната заедница Отља.

    Превозниците најавуваат протести низ улиците на Куманово и пред општинската зграда се додека не се најде решение за нивниот проблем.