Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Седумгодишно момче од селото Никуштак, денеска се удавило, откако го повлекла надојдена вода.
Tрагедијата се случила пред 13 часот, кога детето со своето една година постаро братче тргнале од училиште кон дома за да земат книги што ги заборавиле. Додела оделе по селската улица, наишла надојдената вода од планината и ги повлекла двајцата во долот. Постарото дете успејала да го извлече жена која живеела во близина, а помалото го однела водата. Тоа подоцна било пронајдено мртво на 500 метри од местото каде што исчезнало.
Жители на Никуштак кажуваат дека денеска липковско го зафатило силно невреме со дожд, по што водата од планината се спуштила во селото. Буицата била повисока од половина метар со огромна брзина и носела се пред себе.
Од СВР Куманово најавија повеќе информации по завршување на истрагата.