Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Силниот ветер, вечерва во 19.05 часот урна челична конструкција, на која се поставени семафорите, на раскрсницата на булеварот „Октомвриска револуција„ и улицата „Ѓорче Петров„ во Куманово.
Според очевидци, семафорите паднале на десната коловозна лента, која води од периферијата кон центарот на градот. При тоа е оштетен еден автомобил, кој во моментот поминувал на раскрсницата. Семафорот удрил на задното стакло на голфот, при што е причинета матерјална штета. Нема повредени во автомобилот, ниту пак пешаци, кои биле на тротоарот. Увид на лице место извршила полицијата. Сообраќајот на булеварот „Октомвриска револуција„ беше одредено време во прекин.
Невремето, кое од денеска попладне ја зафати Македонија ќе биде проследено со силен ветер и врнежи од дожд, поради што Општината презеде посебни мерки за заштита од поплави.