Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Веќе се посетени училиштата во Липково, Ваксинце, Матејче, училиштето „Бајрам Шабани„, а во наредните денови ќе се посетат и останатите училишта.
Поради епидемијата од морбили во Куманово се забраза вакцининацијата на сите првоодделенчиња во земјава. Ревакцинација од ова заразно заболување, наместо на седум години, од оваа есен е задолжителна за децата на шестгодишна возраст. Екипите од јавно здравје се веќе на терен, а вакцинацијата треба да ја завршат до 30 септември.
Веќе се посетени училиштата во Липково, Ваксинце, Матејче, училиштето Бајрам Шабани, а во наредните денови ќе се посетат и останатите училишта. Во Куманово имаме околу 1800 деца родени 2004 година, а со вакцинацијата ќе бидат опфатени и сите деца до 14 години што не се вакцинирани- вели др. Јадранка Стаменковска.
Досега во градот има регистрирано 21 дете заболено од ситни сипаници од ромските населби Средорек, Бавчи и Стари Лозја. Куманово е единствено во државата каде има прогласено епидемија на морбили.