Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Водоводот е во должина од 8 километри, а за проектот се потрошени еден милион денари од Фондот за води и околу 250 илјади денари од буџетот на Општината Старо Нагоричане.
Денеска беше предаден во употреба реновираниот водовод во селото Облавце. Водоводот е во должина од 8 километи, а за проектот се потрошени еден милион денари од Фондот за води и околу 250 илјади денари од буџетот на Општината Старо Нагоричане.
Овој водовод е од голема важност за жителите бидејќи со години наназад не беше решен овој проблем. Сега собравме средства и завршена е пумпната станица и водот во должина од 8 километри. Сакавме да им помогнеме на овие жители и да покажеме дека локалната самоуправа мисли на нив и е отворена да ги решава нивните проблеми -изјави градоначалникот Миодраг Јовановиќ.
За приклучување на водоводната мрежа жителите ќе платат минимални 3000 денари за промена на водомерите на ЈП „Козјак„. Проектот се реализира во соработка на локалната самоуправа Старо Нагоричане и Фондот за води на Владата.
Фондот за води досега интервенираше за изградбата на овој проект и сега одобри сретства за негово довршување. Помогнавме и за изградба на водоснабдубањето во Младо Нагоричане. Пред неколку месеци кога беа поплавите, Владата интервентно реагираше и имаше доделени средства за чистење на каналите. Настојуваме и во руралните средини да обезбедиме неопходни услови за нормално живеење. Општината Старо Нагоричане има аплицирано со неколку проекти за наредната година и се надевам дека ќе продолжи нашата соработка - рече Шериф Кадриовски директор на Фондот за води.