Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Царинската управа на Република Македонија и Регионалниот центар на Стопанската комора денеска во Куманово организираа работилница за кумановските стопанственици под наслов ,,Вашиот директен пристап до правилата и прописите за царинско работење.
Со стручна помош на експерти од Царинската управа, кумановските бизнисмени имаа можност да се едуцираат за постапките „Се со само еден клик„ на соодветни сајтови на Царината да се осигураат дека ги спроведуваат царинските и даночните постапки без грешка, да го разбираат законодавството на Европската унија за царинење и оданочување и да ги учат темите според сопственото темпо и во време и локација што соодветствуваат на нивниот бизнис.
„Нашите курсеви за електронско учење се само една од бројните онлајн услуги за компаниите подготвени од страна на генералниот директорат на Европската комисија за даночна и царинска управа на Република Македонија за да им ја олеснат работата на комапниите„ - рече во кратката изјава за медиумите проектниот консултант Лазо Ангеловски во својство на едукатор на денешната работилница во Куманово.