×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Раководството на СДСМ даде отчет пред делегатите

    03.10.2010 13:24 | KumanovoNews

     Општинското раководство на СДСМ поднесе извештај за својата работа пред делегатите на Годишната конференција. На присутните им се обрати претседателката Снежана Захариева која се во своето излагање ги изнесе остварените достигнувања.

    Раководството на СДСМ даде отчет пред делегатите

    За една година остваривме резултати со кои навистина можеме да се гордееме, добивме околу 1000 нови членови, решивме и некои горливи проблеми на членството, но и кадрови и инфраструктурни проблеми. Значително се подобрени и односите внатре во партијата и сметам дека успеавме да направиме едно единство во општинската организација. Имаме голема советничка група, успешен локален клуб на жени и се поголем прилив на млади во партијата.  Со новиот концепт за работа на нашата партија на промовирање нови лица кои во своите средини се познати како угледни и чесни граѓани, имаат на некој начин задача да со својата активност и ентузијазам привлечат што поголем број симпатизери и членови. На тој начин ќе покажеме дека СДСМ е вистинската опција која што на граѓаните може да им понуди решение за подобар живот. Сигурна сум дека наредната конференција што ќе ја организираме ќе биде победничка со СДСМ како владејачка партија во Македонија- рече Снежана Захариева- претседатка на СДСМ Куманово.

    На годишна конфенцијата присуствуваше потпретседателот Гордан Георгиев, кој е задоволен од работата на кумановското СДСМ.

    Мислам дека оценката е повеќе од добра, работите тргнаа по нагорна линија, дури и некои внатрепартиски разговори и дебати ги правиме на многу конструктивен начин и мислам дека така треба да се однесува една модерна и европска социјал демократска партија. Се разбира дека секогаш има простор за подобрување, а оваа општинската конференција ќе биде уште еден нов потик, нов елан, да се допеглаат што се вели народски работите - смета Георгиев.