×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Раселените лица за Мала Богородица во Матејче

    21.09.2015 09:12 | KumanovoNews

    Голем број од раселените лица од село Матејче од конфликтот во 2001 година, денеска отидоа во манастирот во селото за да го прослават празникот Мала Богородица.

    Раселените лица за Мала Богородица во Матејче

    Откако се раселени, секоја година празникот со роднините и пријателите го поминуваат во родното село.

    Тука се пристигнати 60-70 луѓе и чекаме уште. Патот не е добар, и дожд врнеше ноќеска. Јас секоја година доаѓам  овде и нема проблеми со локалното население - вели Радован Станојковиќ, раселен од Матејче.

    Горан Алексиќ од истото село вели дека пред месец дена доаѓале за да ја искосат тревата и да го средат дворот пред празникот.

    Манастирот е во иста состојба како пред неколку години. Нема вода, цревото е украдено и сакавме и вода да доведеме. Доаѓаат раселените, наши луѓе кои се заминати во Скопје. Дојден е и свештеник, а денеска исто така ќе се освети и црквата  во село Умин Дол - рече Алескиќ.

    Пред воениот конфликт од 2001 година во селото, покрај Албанци, живееја и повеќе од сто семејства Срби и Македонци. Манастирот “Света Богородица“ е еден од најстарите и најзначајните верски објекти во нашиот регион.