Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Раселените Македонци и Срби од селото Матејче, кои за време на воениот конфликт ги напуштија своите домови големиот христијански празник „Мала Богородица“,ќе го прослават во истоимениот манастир над селото.
Десет години по протерувањето раселените оваа година првпат нема да одат организирано, туку секој во сопствена режија.
Поради лошиот пат до манастирот нема да одиме организирано, туку со автомобили. Се надевам дека ќе присуствуваат околу 200 луѓе, главно поранешни матејчани кои се врзани за ова светилиште и за празнувањето на „Мала Богородица“ - вели Радован Станојковиќ од Координативното тело на раселените.
Црковната литургија ќе започне во 10 часот, а ќе биде избеа кум на славата, според традицијата.
Во хотелот „Кристал“ живее само уште 1 семејство, додека останатите 118 семејства на раселни лица од селата Матејче, Опае и Ропаљце добија обештетување од државата и обезбедија живеалишта во Куманово.