×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Распишан конкурсот за мартовски есеи на „Корени„

    19.02.2011 11:44 | KumanovoNews

     Редакцијата на списанието за култура “Корени” по шести пат распишува Конкурс на есеи на тема “Балканот како метафора”.

    Распишан конкурсот за мартовски есеи на „Корени„

    Еврозинска тема за Балканот,  простор на кој своето огниште го распослале  многу етнуикуми,  е вечна преокупација  на книжевните и другите автори од науките и уметностите. Тој е синоним на патината, стари цивилизации, создавањето, силни емоции, оригинално творештво, импресивни автори, но и поприште  на многу војни,зла, крвопролевања…,носејќи го со себе налепницата Буре Барут. Дали Балканот е некое несреќно Господово решение  каде со милениуми  доминираат мрачни сили,  морничава црнобелина, која со векови  и децении  му ја припишуваат  аналитичари, или тој е нешто сосема друго, богато изнијансиран простор каде обично,  судбинските  решенија ги носат некои  други.

    Конкурсот трае до 10 април 2011 година. Материјалите во електронска форма ( ЦД, или по електронска пошта) да се достават до Редакцијата на “Корени”, ул. Христијан Карпош бр. 2 Куманово или на е-маил: [email protected]. Авторите своите  есеи можат да ги достават на македонски јазик, или  на својот мајчин јазик.

    Редакцијата наградува три труда, со парична награда,  во категорија возрасни,   и  три труда, со посебни признанија, во категоријата млади есеи.