Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Црковното настојателство при двата Градски храма го објави распоредот на богослужби по повод претстојните празници:
06.јануари- БАДНИК (ЧЕТВРТОК)
Во 15 часот, попладневна и вечерна богослужба и Света Божествена литургија, по што ќе се благослови и пали бадниковото дрво. Верниците ќе бидат послужени со топла ракија, чај, ореви и костени.
07.01.2011 - РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО - БОЖИЌ - (ПЕТОК)
Во 7 часот утрено богослужение, а во 8 часот Свечена рожествена литургија.
08.01.2011 - СОБОР НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА - (2 ДЕН БОЖИЌ) - (САБОТА)
Во 7 часот утрено богослужение и Света литургија. Во 9 часот во црквата Свети Никола ќе чиноначалствува митрополитот Полошко-кумановски г.Кирил, а ќе пее црковниот хор „Марија Магдалена„ од Куманово.
09.01.2011 Г. - СВЕТИ СТЕФАН (3 ДЕН БОЖИЌ) - (НЕДЕЛА)
Во 7 часот утрено богослужение, а во 8 часот Литургија.