Распоред на богослужби за претстојните Велигденски празници
По повод големиот христијански празник Велигден, црковните настојателства на двете градски цркви во Kуманово ги известуваат верниците за распоредот на богослужбите.

21.04.2011 - ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК НАУТРО: Утрена литургија на Св. Василиј Велики, со почеток во 7 часот. ВЕЧЕРТА: Бдение со читање на 12 Страсни Евангелија,и изнесување на Св.крст од митрополитот кумановско- полошки г. Кирил и тоа во 18 часот во црквата Света Петка во селото Бедиње, во 19 часот во црквата Света Тројца и во 20 часот во Соборниот храм Свети Никола во Куманово.
22.04.2011 - ВЕЛИКИ ПЕТОК НАУТРО: Царски часови ќе започнат во 7 часот.Вечерно богослужение со изнесување на Св. Плашница ќе започне во 15 часот. ВЕЧЕРТА: Бдение со погребението на Господ Исус Христос ќе започне во 19 часот.23.04.2011 - ВЕЛИКА САБОТАСвета литургија на Св. Василија Велики започнува во 8 часот.
24.04.2011 - Прв ден Велигден (ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО) НАУТРО: Воскресна литургија на Св. Јован Златоуст започнува на полноќ.Св. божествена литургија на Св. Јован Златоуст започнува во 7 часот наутро.
25.04.2011 - Втор ден Велигден НАУТРО: Св. божествена литургија на Св. Јован Златоуст започнува во 9 часот наутро, ќе чиноначалствува митрополитот г. Кирил во селото Тромеѓа и ќе ја освети новоизградената црква Св. Ѓорѓи.
26.04.2001- Трет ден Велигден НАУТРО: Св. божествена литургија на Св. Јован Златоуст започнува во 7 часот.