×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Расте бројот на малолетни наркозависници

    03.04.2011 17:03 | KumanovoNews

     Педест и осум нови наркозависници се регистрирани лани во Куманово. Најголем дел од нив се на возраст до 18 години, тренд на намалување на старосната граница, што не било случај во предходниот период.

    Расте бројот на малолетни наркозависници

    Официјалната бројка покажува дека во Општината има 916 уживатели на дрога, меѓутоа надлежните посочуваат дека реалната бројка е за 10 пати поголема.

    Според статистиката, за последната година од ново регистрираните корисници на опојни дроги 52 се машки и 6 женски. Најголем пораст на наркозависници има на возраст до 18 години, што е навистина загрижувачко. Едно од заведените деца е под 15 годишна возраст, а 9 се малолетници од 15 до 17 години. Од вкупно 912 лица, 564 се Македонци, 222 Албанци и 130 од останатите националности. Најмногу се користи хероинот, потоа мариханата и другите опијати - вели Виолета Богдановска, началничка на Одделението за превенција при СВР Куманово.

    Од Полицијата апелираат до родителите да обрнат поголемо внимание на своите деца, бидејќи оние во ризичните групи најчесто од љубопитство посегнуваат по дрогата, несвесни за последиците што таа ги носи.

    Полицијата заедно со училиштата работи на поголема едукација на учениците со цел да ја спречи ваквата појава.За последните 10 години во Куманово од предозираност починале околу стотина регистрирани наркозависници.

    Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ синоќа организираше трибина на тема „Млади против дрогата„. На трибината беа изнесени алармантните податоци за поместувањето на старосната граница на наркозависниците во Општината.