Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Се зголемува бројот на заболени од грип во Куманово.
Последната недела Центарот за јавно здравје Куманово регистрирал 199 заболени од грип, при што најголем број од заболените се на возраст од 15 до 64 години.
Во однос на претходните две недели имаме значителен пораст. Најзастапена е возрасната група од 15 до 64 години, со 134 заболени. Од страна на инфективното одделение има пријавено 46 заболени лица од грип, од кои 8 лица се хоспитализирани. Во текот на наредниот месец очекуваме поголем број на заболени од грип - изјави Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Куманово.
Стаменковска советува граѓаните да избегнуваат контакт со заболени од грип, да внесуваат повеќе витамини, да пијат топли напитоци, да ги проветруваат просториите и да се консултираат со матичниот лекар доколку имаат симптоми на грип.