×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Расте бројот на зависници од дрога

    07.09.2010 11:26 | KumanovoNews

     Во моментот има регистрирано 856 лица корисници на хероин, марихана и кокаин, но реално тие се пет пати повеќе.

    Расте бројот на зависници од дрога

     Алармантна е бројката на зависници од наркотични сретства во Куманово. Во моментот има регистрирано 856 лица корисници на хероин, марихана и кокаин, но реално тие се пет пати повеќе. Надлежните институции предупредуваат дека границата на возраст постојано се поместува и ги повикуваат родителите да посветат поголемо внимание на своите деца.  

     Во последните три години бројката секојдневно се зголемува, а возраста оди надолу.Најмладиот регистриран корисник зависник ни е на 12 годишна возраст. Она што ние треба да го работи е да превенираме, а не да лекуваме. Да се почне со превенцијата од најмала возраст, од семејството, преку градинките, училиштата вклучувајќи ги тука сите институции кои можат да дадат свој допринос- рече д-р Јадранка Стаменковска началник на епидемиолошкиот оддел при Центар за јавно здравје Куманово.

    Од одделението за превенција при  СВР Куманово велат дека тие ја следат состојбата на терен и располагаат со конкретни податоци за бројот на регистрираните зависности, прекршоците кои тие ги чинат и какви дроги користат.

    Според последните информации што ги имаме 856 лица се регистрирани зависници, но вистинската бројка е многу поголема. На еден регистриран наркозависник најмалку се додаваат 5 нерегистрирани што е фрапантен податок за кој треба да се загрижиме сите. Целосно справување со овој проблем не е можно, но со навремена превенција може да се намали бројот на зависниците- Виолета Богдановска, началник во Одделението за превенција во СВР Куманово.

    Најголем број од наркоманите користат хероин,а најраспространета е марихуаната. Од кривичните дела наркозависниците најчесто се извршители на кражби.

    Овие официјални информации беа изнесени на трибината „До каде е превененцијата со дрога„ што ја организирашер ВМРО-ДПМНЕ Куманово. Модератори беа д-р Јадранка Стаменсковска началник на епидемиолошкиот оддел при Центар за јавно здравје Куманово, Олгица Вељковиќ претседател на Комисија на образование на ДОМ, Виолета Богдановска началник на одделение за превенција при СВР Куманово и Стојна Милковска социолог при Центарот за зависности.

    Целта на оваа трибина е  да увидиме до каде сме со превенцијата со дрога. Знаејќи дека наркоманијата е големо општествено зло кое го демнее нашиот град треба да бидат иволвирани сите институции како би можеле да направиме нешто повеќе. Треба да се вклучи здравството, образованието и повеќе да се работи со семејството. Преку организираните кампањи сакаме да ја увидиме фактичката состојба за вистинската број на зависници- рече Стаменковска.

    Посетеноста на трибината беше голема, а ѓраѓаните покажаа посебен интерс за актуелната тема.